Бев на работ на смртта, и тогаш научив да сакам себеси
„Како можев да кажам нешто толку глупаво?“ „Тоа беш толку лудо!! Никогаш нема да знам подобро!“ „Никогаш нема да направам ништо правилно! Зошто воопшто се замарам со обиди!“ „Би сакала да не сум толку трапава! Ви звучи ли нешто од ова наведеното познато? Така звучел мојот внатрешен глас, пред неколку години. Тоа беше глас во мојата глава, поразувач, сакав да бидам поинаква, подобра, попаметна, посилна, продуховена. Би сакала да бидам било кој, освен онаа што сум. Најзначајната лекција која ја научив на работ на смртта, беше дека ако не се засакам себе, ништо во мојот живот нема да функционира. Длабочина, цел и радост која ја искушувам во животот е во иста насока со тоа колку љубов имам за себе. Количината на љубовта, љубезноста, трепението кои ги имам за другите, исто така е во еднаков однос со тоа колку љубов, трпение имам за себе. Бидејќи ние не можеме да им го дадеме на другите она што ни за себе го немаме доволно. Затоа не изненадува дека количината на љубов, почит, поддршка и сочувство кои ги примаме од другите, исто така зависи од тоа колку се од тоа имам за себе. Многу од нас учат од најрано детство „сакај го ближниот свој како што се сакаш себе“. Но, што ако не се сакаме? Што ако самите себе сме си најлош непријател и критичар? Ако околината ја третираме како себе, тогаш ја отсликуваме со еднакво груба боја со која сме се обоиле себе. Тоа е причина зошто на планената живеат толку голем број на луѓе кои опсесивно настојуваат да го осудат секој кој е различен, наместо да научат да го ценат секој со кој ја делат планетата и да ја слават нашата различност. Да научиме да ги сакаме другите така да пред се научиме да се сакаме себе. Изгледа како некоја строго чувана тајна која никој не ми ја открил додека растев. Баш спротивно, бев охрабрувана од мала да се ставам на последно место, дека љубовта кон себе или ставање себе на прво место е себичност. Фактот дека сум давала и давала од себе, без намера да си погодам на себе, своите потреби, до точка каде се рушев што ми се одрази на здравјето. Отруена од тој начин на размислување, непрестајно бев убедена дека морам да работам на себе, бидејќи ваква каква што сум, не сум доволно добра. Така продолжив со работата на себе за да станам подобра, пољубезна, повеќе љубовна, повеќе продуховена. И често се осудував бидејќи не чувствував напредување. И така, добив рак. Всушност, не само што добив рак, од него замалку ќе умрев. Но мојата болест беше најголем благослов со кој некогаш сум дарувана. Во блиската средба со смртта, научив како да живеам. Ракот ме научи на важноста на сакањето и вреднување на себе безусловно каква сум, совршено створение на универзумот, кое е вредно и заслужува љубов, без потреба да се докажува, поправа или менува во било која смисла. Станав свесна дека сум некој кој има целосно право да ја изрази единственоста без страв од отфрлање. И сега разбирам дека нема потреба да работам на моја продуховеност. Таа е наша енергија, она што сме , го прифаќале ние тоа или не. Тоа е нашата вистинска природа. Ние просто не можеме да биде продуховени. Да се биде свој и спиритуален е една иста работа. После тоа искуство, јас веќе никогаш нема да се напушам себе. Никогаш нема да се омаловажувам, никогаш нема да се чувствувам мала како другите на таа сметка ќе се издигнуваат. Научив дека тоа е најголем дар кој го добив не само за себе, туку и за целата планета, бидејќи ги отсликувам другите со иста боја со која се отсликувам себе. Мојот живот сега е многу порадосен, посмислен и поцелен, имам љубов која можам да ја поделам со другите, многу повеќе од порано, која ја чувствувам безусловно и без да се омаловажувам. Но најважно од се , сега разбирам дека ако не ја изразам својата автентичност, универзумот ќе биде лишен поради она што и јас сум овде.
Анита Морјани