Животна училница // Приказни
Бев на сцена кога брат ми почина: Снежана Ѓуришиќ си ја отвори душата
- 31 Јули, 2019
Фолк-пејачката Снежана Ѓуришиќ која годинава одбележува половина век естрадна кариера, за српски „Телеграф“ се присети на најтажните моменти кои, како што вели, ги доживеала занимавајќи се со оваа професија.
- Имаше моменти кога сакав да се откажам од сѐ. Да се откажам од работата која ја сакам најмногу на светот. Бев на сцена кога брат ми почина. Тоа се очајни моменти кои не се опишуваат со зборови. Тогаш мора да бидете суров професионалец, иако не ви се ни живее. Максимално да ја испочитувате публиката додека преживувате пекол. За жал, тоа е лошата страна на нашата професија - раскажа Ѓуришиќ.