„Бев толку грда што решив да си купам убавина“: Девојка имала толку многу операции што и сама некогаш не успева да се препознае

Foto: youtube

- Првата операција ја направив кога бев многу мала. На само 16 години имав филери за усни, признала ѕвездата на социјалните мрежи Миа Дио. На третмани потрошила 28.748 евра, а почнала на само 16 години. Еве како изгледала порано, а како изгледа сега.

Иако вели дека е непрепознатлива и дека поголемиот дел од нејзиното лице не мрда, ѕвездата на социјалните мрежи Миа Дио е задоволна со нејзиниот нов изглед. Љубителката на козметички третмани признала дека потрошила 28.748 евра на третмани за разубавување на лицето.

Почнала со процедури кога имала само 16 години.

- Првото нешто што си го направив е тоа што всушност почнав сè уште кога бев многу мала, а користев лажна лична карта кога имав само 16 години за да набавам филери за усни, признава таа.


Таа додава дека по првиот филер постојано се враќала за повеќе. Така, уште тогаш станала зависна од филери за усни.

- Се одлучив за најевтиниот филер во тој момент, па не знам ни што точно ставав во усните, вели Миа.

По завршувањето на средното училиште, Миа потрошила 4.600 евра за операција на носот.

- Конечно имав доволно пари да си го средам носот, па веднаш по дипломирањето платив и отидов на ринопластика. „Го направив само врвот на носот, а резултатот беше толку сличен на мојот природен нос, што едноставно стана малку позашилен, што всушност само го подигна моето лице“, објаснува таа.

View this post on Instagram

A post shared by Mia Dio (@miiadio)



Миа потоа почнала да експериментира со ботокс за да ги спречи брчките.

Почнав да експериментирам и со процедурите за ботокс. Иако беше многу забавно да се експериментира со ова, резултатите не се долготрајни, вели Миа и признава дека и покрај краткорочните резултати, сепак третманите ги користи за важни настани.

По ова Миа отпатувала и во Турција да си ги поправи забите, пишува The Sun.

- Испратив порака во стоматолошката клиника во Бодрум, Турција, направив 20 керамички навлаки, додава Миа која оттогаш имала неколку третмани со ботокс, филери во јаготките, а сето тоа го поправа на неколку месеци.

Инфлуенсерката ги оперирала и градите.