Бизарен брак кој трае 25 години: Оргиите и свингерите се како добар ден, нејзината баба ја научила да мастурбира на 9 години!
Вил Смит и Џејда Пинкет Смит се во брак од 1997 година и со
години се сметаше дека се еден од постабилните парови во Холивуд.
Оваа брачна двојка ја прослави 25-годишнината од бракот на 31 декември. Во оваа прилика, вреди да се потсетиме на случката на минатогодишните Оскари кога гордиот Вил му удри шлаканица на комичарот Крис Рок откако тој се пошегува на сметка на автоимуната болест на Џејда, алопеција и притоа спомнувајќи ја нејзината ќелавост.
Многумина би рекле дека сопругот ја бранел својата поубава половина, нели? Па не...
Нивниот брак е сè само не хармоничен, иако тие не го претставуваат како таков. Имено, тие еднаш шокираа со тоа што признаа дека понекогаш разменуваат партнери со други парови и дека уживаат во оргии. Џејда еднаш изјави дека го изневерувала Вил, додека пејачот Аугуст Алсина за странските медиуми изјави дека има врска со актерката. Тој исто така истакна дека за тоа му дал дозвола никој друг туку Вил Смит.
Младиот уметник ја запознал Џејда во 2015 година преку нејзиниот син Џејден, кој исто така е негов пријател, и се пофали дека дури отишол на одмор на Хаваи со семејството Смит во 2016 година.
„Аугуст отсекогаш инсистирал Вил да му даде дозвола да спие со Џејда, што парот јавно го негираше. Сега тој ќе открие и како живеел во куќите во сопственост на Смит додека бил на сетови.
За договор со него се борат неколку издавачи, а Аугуст ќе ја избере најдобрата понуда. Тој знае дека многу луѓе се фасцинирани од неговата приказна и дека е среќен што може да ја раскаже“, изјави извор за The Sun, кој сподели дека пејачот планира да објави книга за тоа.
Џејда и Вил во емисијата „Red Table Talk“ во јули 2020 година зборуваа за нејзината романса со Аугустин, откако таа претходно го негираше тоа. Таа се присети дека го запознала пејачот кога тој бил многу болен и се борел со Гилејн-Баре синдромот, кој предизвикува мускулна слабост, па дури и може да предизвика парализа.
„Најпрво се работеше за неговото здравје и најдовме различни начини да му помогнеме, а и јас исто така поминував низ тежок период. Со текот на времето тоа апсолутно стана врска“, изјави Џејда во емисијата со Вил.
Не само отворениот брак ја шокираше јавноста, туку и изјавата на актерката дека не сакала да се омажи за Вил и дека на тоа ја принудила нејзината мајка.
„Бев под голем притисок, знаете, јас бев млада актерка и бев бремена и едноставно не знаев што да правам. Никогаш не сакав да се омажам. Навистина не сакав да се омажам, плачев на патот кон олтарот“, рече таа во емисија „Red Table Talk“ во 2018 година.
Во истата емисија Џејда се осврна на своите сексуални искуства.
„Еднаш имав тројка. Бев многу, многу млада, во моите рани дваесетти“, рече таа. И тоа не беше крајот на незгодните детали за нејзиниот приватен живот.
Таа призна дека никогаш немала доволно секс и дека со текот на времето станала зависна од порнографија. Рече и дека имала девет години кога баба и научила да мастурбира.
In the presence of her own daughter Willow, Jada Pinkett Smith brags about how her grandmother taught her how to masturbate when she was just 9 years old..
— Maria Leah (@maria_leah385) April 10, 2022
What’s going on in this family?pic.twitter.com/pcmzP8EzxD
„Баба ми ме научи за самозадоволство затоа што сакаше да знам дека тоа задоволство доаѓа од мене. Не сакаше некој маж подоцна да ми каже дека сето тоа е негова заслуга. И ме научи на тоа кога имав девет години! “ изјави актерката.
„Никогаш немало неверство во нашиот брак. Никогаш. Јас и Џејда зборуваме за се‘ и никогаш не сме се изненадиле со ништо", ги коментирал Вил сите јавни настапи на неговата сопруга, но се шпекулира дека Вил Смит има бројни љубовници.
Фото: Youtube - screenshoot
Видео: Youtube/ Твитер
Вил и Џејда Смит признаа дека се во отворен брак: Сексолог д-р Роберт објаснува што точно значи тоа