Блогерката Ана Најдовска и црномурестиот сопруг фудбалер го открија полот на второто дете: Радосните вести ги споделија со сите (ВИДЕО)
Ана Најдовска од Скопје и Чума Уче Анене наскоро ќе станат родители по втор пат.
Среќните вести ги споделија со следбениците на социјалните мрежи, а полот го открија на „фудбалски начин“.
Имено, Чума, кој е професионален фудбалер чии родители имаат нигериско потекло, ја шутна фудбалската топка од која се распрсна сина боја, и стана јасно дека чекаат син.
Ана и Чума веќе имаат петгодишна ќерка Оланна, а неколку години живеат во Осло, родниот град на нејзиниот сопруг и каде Чума игра за фудбалскиот клуб Амкар Перм.
Љубовната приказна на Ана од Скопје и сега веќе нејзиниот сопруг Чума започнала пред 7 години. Тие се запознале во нашата земја, каде Чума играл како професионален фудбалер за ФК Работнички во Скопје. Нивен заеднички познаник ги запознал, па сосема спонтано се родила љубовта меѓу нив.
Најдовска е од Скопје, завршила факултет за Применети странски јазици при универзитот Фон, а за себе вели дека отсекогаш знаела дека нема да живее во Македонија.
FOTO: Instagram
Поради професијата на сопругот постојано се селиме и реткост е да имаме постојано живеалиште: Ана од Скопје за животот со професионален фудбалер