Богата вдовица ја изградила најпроклетата куќа во светот: 300 соби и 2000 врати кои не водат никаде, а кријат страшна приказна

Добивај вести на Viber

Сара Винчестер е запаметена во историјата како ексцентрична вдовица на Вилијам Винчестер. До 1881 година и смртта на сопругот, не се знаело многу за неа, но загубата на нејзиниот сопруг многу ја погодила. Таа останала сама со своите деца и 20 милиони долари, што и овозможило да ја удави својата болка, тага и лудило трошејќи пари на многу бизарни активности, како што е изградбата на огромна палата во Сан Хозе, Калифорнија. За таа вила се зборува и денес, а многумина ја нарекуваат најопседната и најмистериозна зграда на светот.

Вилијам Винчестер бил изумител на познат модел на пушка, а Сара верувала дека ја прогонуваат духовите на луѓето убиени од оружјето на нејзиниот покоен сопруг. Затоа никогаш не вработила архитект, туку секојдневно ги менувала плановите и барала многу чудни и бизарни работи како врати кои не водат никаде или скали кои завршуваат на таванот. Градежните работници биле многу добро платени, па и ги исполниле сите хирови на својата газдарица.


Таа не смеела да ја запре изградбата за да не умре

Ѝ рекле на вдовицата Сара дека ќе умре ако некогаш престане да ја гради палатата, па имала 300 соби на седум ката, 13 бањи, два салони за бал (од кои ниту еден никогаш не бил користена), шест кујни, 47 камини, две визби, три лифтови, но и 2.000 врати и над 10.000 стаклени панели.

За да избега од духовите, многу врати не воделе никаде, има соби кои гледаат во други простории, скали кои завршуваат на таванот, но и врати кои лебдат над кујната.

Foto:Wikipedia


Никогаш не поминала 2 ноќи во иста соба

Сара никогаш не спиела две ноќи по ред во иста просторија за да им ја „излаже трагата“ на духовите, а со нив комуницирала во таканаречената „Сина соба“ на нејзината опседната куќа, каде што имало само маса, столици, плакар, моливи и хартии.

Со текот на годините, замокот Винчестер е намален на 4 ката и 160 соби, но останува обвиткан со мистериозни верувања и приказни до ден-денес.

Сара почина во 1922 година, оставајќи зад себе огромно богатство и беа потребни шест недели да расчисти се што и припаѓаше.


Foto: Wikipedia