Болката од денес ми даваше сила за утре: Водителката Деа ја движи раката по шест месеци

Српската водителка Деа Ѓурѓевиќ (27) која имаше сообраќајна незгода на почетокот од февруари кога автобус ѝ ја откина раката, одлично закрепнува. На Инстаграм, таа сподели видео во кое ја движи раката, што ги воодушеви нејзините фанови. По шест месеци, таа го симна гипсот од раката. 

„ Ти со голем борец. Се радувам на секоја твоја победа и сакам среќата секогаш да те следи и Господ да те чува“, напишаа тие.

Деа истакна дека во борбата ѝ помагаат позитивните мисли.

„Болката која ја чувствуваш ќе ти даде сила за утре. Тоа е мотивациска порака за секојдневната болка која ја чувствувам. Само храбрите луѓе можат да ја претворат болката во сила и во моќ“, искрена беше Деа. 

„Имав многу операции за да го спасам животот, тоа беа повеќе повреди. Раката ми беше ампутирана, ногата ми беше парализирана. Беа тоа тешки повреди и сето ова може да се истурка со насмевка. Колегите, мајка ми, баба ми, партнерот, сите луѓе ми дадоа поддршка“, раскажа Деа.