Божиќна свирка на „Дрим тим“ во црквата „Свети Никола“ во Њу Џерси: Македонските иселеници се забавуваа четири часа за 85 долари

Добивај вести на Viber

Македонските иселеници во Америка уживаат во македонската музика и ги пеат сите хитови во еден глас. Димитар Митровски од „Дрим тим“ вели дека чувството да се пее пред таа публика е возбудливио и неповторливо. Македонскиот бенд е еден месец на турнеја низ Америка.


За дочекот на Нова година и за Божик пеевме во црквата Свети Никола во Њу Џерси. Македонците кои живеат тука се многу забавни и секогаш се трудат да не почестат со нивното присуство на настапот на сите наши бендови и пејачи. Сместени сме во хотел во Њу Џерси . Постојано се дружиме со нашите иселеници. На настапите доаѓаат преставници од постарите генерации, но и млади кои се родени тука. Тие многу добро го зборуваат македонскиот јазик и ги знаат сите наши македонски хитови. На нашата публика омилени им се секако авторските композиции на „Дрим Тим“. Ги обожаваат и старите македонски народни песни. На турнејата со нас е и нашата колешка Ивана Серафимовска. Билетите за свирката чинат 85 долари, а програмата трае 4-5 часа– вели Митровски.


Димитар важи за еден од најдобрите хармоникаши во Македонија. Има издадено два албуми со инструментална музика и соработувал со нашите најпопуларни изведувачи. Неодамна ја промовираше својата композиција Life Harmony со спот. Темата е најава за неговиот трет албум.


-Преку музиката и брзите ноти успеав да го прикажам тој наш брз начин на живот . Секој, секаде брза и целото сценарио на спотот е суштината на тоа. Се снимаше на улица „Македонија“ во Скопје додека поминуваа многу луѓе и сите реагираа позитивно. Се фотографираа со цела екипа. Бевме изненадени позитивно и од нив и од шоферите во автомобилите , зашто има сцени кои се снимени на улицата каде што се движеа. Видеото го изработи Даниел Јовески. Се јавувам како автор на музиката  и аранжманот, а продуцент е Ангел Ќосев од “Студио подрумот”. На сакс свири  Петар Христов, на гитара Иван Петровски, на бас гитара Горан Гешовски, на тапани Гоце Илиоски. За перкусиите беше задолжен Ратко Даутовски, а за клавијатурите Ангел Косев– појаснува хармоникашот.


С.А.Н