Братска прегратка за спас: Бебе родено со 480 грама преживеало гушкајќи го својот брат близнак

Бебето кое кога се родило имало само 481 грама се бори за својот живот благодарение на милувањата на неговиот еднојајчен брат близнак, со кого е опседнато.

Честер Грејв и неговиот брат Отис се родени во 28 -та недела од бременоста, на 15 јули оваа година. Честер имал помалку од половина килограм, додека Отис бил три пати поголем и тежел 1.559 грама, пишува Index.hr.

По шест недели, Отис беше пуштен од болница и сега тежи 2.806 грама, додека Честер се бори за живот од раѓање и достигна 1.530 грама.


Родителите на овие прекрасни близнаци, Кели и Били, велат дека не се сомневаат дека борбата на Честер за опстанок е последица на врската што ја дели со неговиот брат близнак.

„Гушкањето му помогна да продолжи да се бори“, вели мајката Кели.

Нивната прва средба била на 22 септември. Отис спиел, а Честер не можел да го тргне погледот од братот што го ставиле до него.


„Тој се‘ уште е во инкубатор и прима кислород. Едвај чекаме да дојде дома, се надеваме дека тоа ќе биде во ноември“, додаде Кели за британските медиуми.

Кели откри дека Честер бил помал од неговиот брат на ултразвучниот преглед во 16 -та недела од бременоста. Разликата во големината на двајцата браќа е последица на состојбата наречена селективно ограничување на интраутериниот раст, поради што Честер не ги добил потребните хранливи материи од плацентата, што го запрело неговиот раст.

Затоа таа беше примена во болницата Kings College во Лондон во 19 -та недела од бременоста.


„Бев подложена на ендоскопска ласерска операција која беше направена за да се одделат бебињата во матката. Ова беше направено така што, во случај Честер да не преживее, Отис да биде заштитен од смрт или трајно оштетување на мозокот“, објасни таа.

По операцијата, Честер добивал просечно 25 грама неделно, а Отис 100. На Кели и пукнал водењакот во 28 -та недела од бременоста. Таа била породена со царски рез.


„Отис се роди прв и го ставија во инкубатор. Потоа пристигна Честер. Имаше воспаление на ткивото во цревата и дупка во срцето, кое за среќа се затвори. Исто така, мораше да му се направи операција на окото“.

Двојката има и три постари деца - Фиби (10), Фиренца (8) и Алберта (5).

„Тие се‘ уште не можат да се сретнат со Честер поради ограничувањата на коронавирусот, но едвај чекаат да се врати дома. Отис е со нас, но чувството е горчливо-слатко бидејќи не можеме да уживаме додека двете бебиња не се со нас“, заклучува мајката.


Фото: Инстаграм