БРИГИТ НИЛСЕН РОДИ ПЕТТО ДЕТЕ ВО 55 ГОДИНА: Сите бракови на познатата актерка
Познатата актерка Бригит Нилсен, го роди своето петто дете, во 55. година. Ќерката Фрида е нејзино прво дете со сегашниот сопруг Матиа Деси.
Кај Нилсен, се е во знакот на бројот пет, педесет и пет години, петто дете, но и петти брак.
Со сопругот, Матиа Деси
Данската актерка, пејачка и модел која важи за една од најсекапилните жени во јавниот свет е позната по улогите во култните акциони филмови: „Конан“, „Роки 4“, „Кобра“. Во нив глумеше заедно со нејзиниот втор маж, познатот актер Силвестер Сталноне.
Бригит и нејзиниот сопруг се запознаа во 2003 година, а се венчаа во 2006. Многуте фанови и честитаа за бременоста на нејзиниот инстаграм профил. Актерката беше во брак со данскиот музичар Каспер само една година, од 1983 до 1984, а со него го има првиот син, Жулијан. Од вториот брак со Сталоне, немаат деца. Третиот сопруг на Нилесен е режисерот Тони Скот, со кој бракот траеше 19 месеци.
За петтата бременост, Нилсен доби честитки од фановите на инстаграм
За фотографот и режисер Себастијан Копеланд се омажи во 1990 година, а бракот им траеше две години. Од четвртиот брак со швајцарскиот актер Раул Мејер има два сина, а еден син од поранешниот свршеник, рагби играчот Марк Гатинеум.
Со актерот Арнолд Шварценегер, Бригит не стаса до брак. Нивната врска траеше една година.