Ќе ве замисли: Брилијантни совети на седум годишно девојче за љубовта

Џеј Мадок веќе долго е сам, нема девојка и не верува дека тука нешто значајно ќе се промени. Но, ако се прашува една од најважните личности во неговиот живот, ситуацијата нема да биде баш толку црна. Седум годишната ќеркичка на неговите пријатели сама од себе одлучила да го нарекува брат. И не само тоа-од четвртата година на животот таа секојдневно на Џеј му дели совети за љубовта и врските. Забележала дека нејзиниот „брат“ веќе со години е сам и одлучна е во тоа да му помогне тоа да се промени. 

Нејзините мали бисери на мудроста се често многу смешни, но знаат да бидат и подобри од сoветите кои на Џеј му ги даваат неговите возрасни пријатели. Откако почнала да му дели совети Џеј уредно ги запишувал и одлучил со цел свет да сподели колку децата знаат да бидат искрени и паметни од возрасните луѓе. 
Ви ги донесуваме омилените разговори на Џеј со неговата мала пријателка за врските и љубовта.

1.

Девојчето: Секогаш кажи дека ти е жал. 

Џеј: Но, што ако не сум згрешил? 

Девојчето: Хмм. Си и затоа почни да се извинуваш. Ќе ти биде многу полесно, верувај ми! 

2.

Девојчето: Фокусирај се на неа, а не на нешто друго. Не се забавуваш со својата работа тука со неа! 

3.

Девојчето: Најди некој кој ги сака истите работи како и ти за да можете да ги сакате заедно. 

4.

Девојчето: Сакаш ли да ја ожениш? 

Џеј: Не знам. Мислиш ли дека би требало?  

Девојчето: НЕ! Не ја сакам кога е со тебе. 

Џеј: Што не сакаш кај неа? 

Девојчето: Не сакам да ми биде сестра. Злобна е кон тебе. Не би требало да сакаш некој кој е лош кон тебе.   (Џеј истакнува дека девојчето било апсолутно во право. Не знае како тоа го сфатила, но е точно дека бил во врска со насилничка. Девојчето било единствено кое тоа го коментирало.) 

5.

Девојчето: Мораш да најдеш некој кој ќе го сакаш

Џеј: Зошто? 

Девојчето: Зошто на сите им треба некој! 

Џеј: Како да знам кој ќе го сакам? 

Девојчето: Сакај некој кој е посебен, важи? 

Џеј: Важи. 

6.

Девојчето: Како тоа да никогаш немаш девојка?  

Џеј: Не знам. Што мислиш ти?

Девојчето (го одмерува Џеј од глава до петици): Можеби затоа што ги сакаш „Војна на ѕвездите“, а таа не. 

7.

Девојчето (превртува очи): Што да правам со тебе?  Ти треба девојка!

Џеј: Зошто? 

Девојчето: Затоа што ја немаш, лудаче! 

8.

Девојчето: Знам дека никогаш нема да се ожениш, но ако тоа се случи, јас ќе имам снаа, зарем не?

Џеј: Кој ти кажува дека нема да се женам? 

Девојчето: Ти! Одговори ми на прашањето! 

Џеј: Да, ако се оженам, ќе имаш снаа. 

Девојчето: Но, јас сакам зет. Можеш ли да се ожениш со маж? 

9.

Џеј: Како да знам кои смајли да и ги испратам и што мисли таа со тие што ми ги испраќа? 

Девојчето: Само покажи ми ги мене. Јас ќе знам.

10.

Девојчето: Се забавуваш ли со девојката која ми даде колач со лимон? 

Џеј: Мислиш на Никол? 

Девојчето: Да, Никол. Се забавуваш ли со неа?  

Џеј: Не, Никол ми е само пријателка. 

Девојчето: Би требало да ја ожениш. Таа те сака и ти ја сакаш нејзе. И драга е. 

Џеј: Навистина? 

Девојчето: Да. Кажи и дека ја сакаш и ожени ја инаку се ќе пропуштиш. 

(Иако девојчето можеби малку претерува кога е Никол во прашање, Џеј признава дека е факт оти тој во животот пропуштил многу љубовни прилики бидејќи се плашел да ги покаже своите чувства. Никогаш не ризикува во љубовта, затоа што се плаши дека ќе биде повреден или ќе ја изгуби пријателката. Но, се повеќе мисли дека неговата седум годишна „сестра“ е во право и дека навистина би требало многу повеќе да ризикува, и тоа не само во љубовта, туку и во животот. Ќе признаете, човек ништо не може да оствари без малку храброст зарем не?