Несекојдневна венчавка се одржа на брегот на Охридското езеро. Британската двојка Луси и Џони се заколнаа на вечна љубов во македонскиот туристички бисер, а специјално за оваа пригода во Охрид допатувале нивни блиски роднини и пријатели од различни делови на Англија, но и од Австралија, Дубаи, Сингапур и од Германија, пишува порталот „Охрид њуз“.
Венчавката се одржала минатиот викенд во дворот на црквата Свети Јован-Канео. Следувала забава на плажата Канео, а бендот кој ги забавувал гостите специјално за оваа прилика ја подготвил темата You are my sunshine на Џони Кеш, но овој пат со стихови напишани од брачниот пар.
фото: Two clicks - Bitola