Бура од емоции доаѓа кога не можете сопственото дете да го гушнете оти сте родени без раце: „Девојката со крилја“ и нејзината вонвременска сила (ВИДЕО)
Физичкиот хендикеп со кој се соочува мајката за која пишуваме често во ист момент буди вулкан од емоции во секој од нас.
Српската вицешампионка на светот во паратаеквондо и сликарка без раце, Дејана Бачко, често на Инстагран објавува видеа како се справува со предизвиците кои ѝ ги носи родителството и ограничувањата поради кои е без раце.
Овој пат, дефинитивно ќе се разнежните и вие.
Дејана објави видео во кое малата Лара, која ја роди на крајот на февруари, сака мајка ѝ да ја крене во раце, но сфаќа дека таа не е во можност.
Преемотивно.
Дејана пред неколку години раскажа дека тешко се помирувала со својот хендикеп, но успеала да ги надмине сомнежите и да продолжи понатаму, истражувајќи ги сопствените граници.
- Тоа што сум родена без раце никогаш не ме попречи во животот. Со мајка ми Сандра, која ми е најголем поддржувач, можам се‘. Единствено што не можам да го прицврстам копчето на фармерките. Секогаш се прашувам зошто сум родена ваква, но Господ така сакаше, можеби не ми даде раце, но ми даде уште еден талент - изјави тогаш таа откривајќи дека ја привлекува сликањето и дека може да слика со нејзините стапала.
Се запишала во средно уметничко училиште и покрај препреките кои и ги поставувале системот и луѓето, успеала да ја постигне целта и да дипломира. Потоа, во 2014 година се запишала на Академијата во Нови Сад и ги продолжила студиите на Академијата за класично сликарство.
Во меѓувреме, таа откри и дека може да ги надмине спортските предизвици и стана вицешампион на светот во паратаеквондо.
- Мојата приказна со таеквондото всушност започна по разни спортови кои ги тренирав, а се реализираше во 2016 година. Приказната започна пред една година преку Фејсбук. Кога се преселив во Нови Сад, решив да барам теквондо клуб преку социјалните мрежи, бидејќи целта ми беше да продолжам да ги зајакнувам нозете, пред тоа тренирав савате бокс во Бачка Паланка. Најмногу ми се допадна мојот сегашен клуб „Гитрос“ и додека го истражував, испратив порака на профилот на тренерот кој работи таму, прашувајќи дали можам да отидам да тренирам. Во меѓувреме имав многу обврски, заборавив на пораката, отворив нов профил на Фејсбук. По една година влегов во мојот стар профил и го видов одговорот на тренерот: „Дејана сакаш да тренираш теквондо?“ Веднаш одговорив дека сакам и во 2016 година всушност се‘ започна - раскажа таа објаснувајќи дека следувале медалите на Европското првенство, а потоа и на Светското.
А потоа ја пронајде и љубовта. Марко Нежиќ е избраникот на нејзиното срце, со кој реши да основа семејство.
- Се запознавме пред повеќе од шест години на едукација поврзана со исхраната што ја водеше Марко. Неколку години подоцна почнавме почесто да се гледаме и да се забавуваме и се започна од таму. Денес тој ми е сопруг и водиме заеднички бизнис во областа на здрава исхрана и додатоци во исхраната, им помагаме на луѓето да постигнат резултати и тоа е еден од изворите на приходи од кои заработуваме и двајцата, а другиот извор на приход ми е примарна дејност, а тоа е сликарството - вели Дејана додавајќи дека сакале да го прошират семејството.
- Ја планиравме бременоста и ја очекувавме, но колку и да мислевме дека сме подготвени, дополнително чувство на возбуда и благодарност не‘ обзема. Се плашев како ќе помине бременоста, но како и со се‘ во животот, 90 проценти од стравовите никогаш не сме ги исполниле. Се плашев како ќе се снајдам. Во тоа многу ми помагаат семејството и сопругот и засега одлично туркаме се‘ - возбудено објасни Дејана како членовите на семејството и помагале првите десет дена по враќањето од породилиште.
Спортската кариера ја запостави и вели дека нема намера да ѝ се врати, а во нејзиниот фокус деновиве повторно се враќа сликарството кое беше во мирување поради мајчинството и планира да продолжи да слика.
- Мајчинството ме промени затоа што добив повисоко ниво на животна одговорност. Кон детето, кон себе. Мајчинството навистина бара многу енергија. Марко всушност напиша неколку постови на таа тема. Влеговме во него доста подготвени и засега добро се справуваме со тоа. Едвај чекаме да видиме како изгледаат следните неколку години. Засега немаме планирано дополнително проширување на семејството за да не брзаме премногу, но никогаш не се знае какви работи ќе планираме во иднина - вели Дејана.
Животот со бебе е предизвик за сите родители, па изгледа како денот да нема крај.
- Јас и Марко си помагаме. Јас сум повеќе тип што сака да спие до доцна, па Марко го презема периодот од ноќна смена до утро. Потоа се приклучувам, ги правиме сите активности околу бебето како партнери - на кои им е полесно и побрзо, како и други обврски во текот на денот. Вечерта следуваат состаноци, капење и подготовка за спиење. Попрво би рекла ноќна смена отколку спиење. И оттаму се врти круг - се смее Дејана.
Фото и Видео: Инстаграм - devojka_sa_krilima