„Целосно црн глам“ за модна драма: Александра Јанева покажа минимализам и софистицираност (ФОТО)
Во црно од глава до пети. Бојата на елеганцијата и бојата во кое било време и да ја облечете нема никогаш да погрешите.
Токму таква модна комбинација „целосно црн глам“ облече македонската пејачка Александра Јанева за нејзиниот настап на концертот кој се одржа во домот на култура „Антон Панов“ во Струмица во чест на пејачот Гоце Арнаудов.
Кога станува збор за облеката, никогаш не можете да погрешите ако ја одберете црната боја. Дефинитивно е боја што можете да ја носите – одговара на сите, визуелно ве прави послаби и лесно се комбинира со сите други бои. Затоа, „целосно црн“ стајлинг звучи совршено, нели?
Јанева одбрала оверсајз палто со дискретни тенки бели линии, со уникатен детал – сребрени ѕвезди, во комбинација со црни хеланки и кожени црни ракавици.
За модна драма, минимализам и софистицираност, црната боја е вистински избор.
Фото: ИнстаграмРЖМ