Часовник на неделата: CK Established за жени кои се сигурни во себе
Можеби не можеме да додадеме повеќе часови на денот, но можеме да ве насочиме во насока на најдобрите женски часовници.
Додека порано, женските часовници беа на последно место во однос на машките часовници, денес модерните часовници не се само за мажи.
А неделава нашиот избор е Calvin Klein Established - за жени кои се сигурни во себе.
Calvin Klein Established е навидум обичен часовник со едноставен дизајн, но она што го прави посебен е уникатното кожно ремче во прекрасна небо боја.
Велиме дека е за жени кои се сигурни во себе затоа што доколку го изберете тоа значи дека нема да се плашите да го комбинирате со вашиот стајлинг, со различни бои и дезени и за најразлични прилики.
*кликнете на фотографијата за повеќе информации
Овој и уште многу други часовници со највисок квалитет и со најкул дизајни, создадени имајќи ги предвид потребите на модерната жена, ќе најдете во продавниците на Божиновски - нашиот главен избор на врвни понуди за жени од светот на мерењето на времето, а истите можете да ги најдете и на нивната веб страна.
Доколку сте љубител на повпечатливи часовници, погледнете го иконскиот „Constellation OMEGA“, кој е сѐ што ѝ треба на една жена или пак Calvin Klein Assertive - уметност на рака и Calvin Klein Rise - суптилен додаток за безвременска елеганција.
Погледнете го и уникатниот HATE 2 LOVE на „SWATCH“, кој претставува вистински ролеркостер од емоции. Тука е и Tissot T-My Lady за силни жени кои сакаат да се сакани и поседуваат нескротлива моќ, како и атрактивниот „CALVIN KLEIN“ кој ќе ве освои на прв поглед или пак TISSOT Lovely Square за жени кои се заљубени во безвременскиот гламур, но и Tissot PR 100 Sport Chic - совршен придружник на сите ваши авантури.