Чекаа повеќе од 10 години за дете, Џина пристигна: Неверојатната љубовна приказна на Стеван Анѓелковиќ и Наташа

Добивај вести на Viber

Избраничката на познатиот пејач на свет ја донесе Џина, а кумата и најдобра пријателка на Стеван, Милица Тодоровиќ објави преслатка фотографија од девојчето

„Стигна љубовта на кума. Добредојде Џина“, напиша Милица и ги тагна своите кумови Стеван и неговата сопруга Наташа.

Наташа и Стеван беа во врска 11 години пред да се венчаат во 2018-та година. Пејачот веќе неколку години сонува да стане татко, а сега желбата му се исполни.

- Понекогаш човек треба да повлече линија. Бев прилично опуштено момче. Некои работи треба да се направат на време, на пример, за мажот да создаде семејство - изјави Стеван во 2018-та година и истакна дека би сакал да стане татко.

Зад Наташа и Стеван стои многу необична љубовна приказна, за која пејачот своевремено проговори.

View this post on Instagram

A post shared by Stevan Andjelkovic (@stevanandjelkovic)


Љубовната приказна на Стеван и Наташа

- Пеев во клуб кога ја видов. Сепак, таа беше тотално антипатична кон мене. Не сакав ништо со неа. Беше доминантна, глумеше важна, но всушност сето тоа беше одбранбен механизам, штит. Таа ме замоли да испеам песна, јас реков дека не ја знам. Ме изнервира толку многу – се присети пејачот.

Таа му испратила белешка со порака преку нејзина пријателка, а тој се согласил да оди на кафе со неа само од учтивост. Меѓутоа, по краткиот разговор тој се заљубил во сегашната сопруга.

- Навистина е неверојатно. Нејзиниот став, однесување, како зборува, сѐ ми се допадна. Потоа ги видов нејзините очи, усни, коса, сè. Од друга страна, таа беше заљубена во мене додека не ме запозна. Кога ме виде во живо се разочара, дури не ѝ се допаѓаше како се облекувам. Но, подоцна сѐ профункционира – изјави тој во емисијата „Од А до Да“.

View this post on Instagram

A post shared by Stevan Andjelkovic (@stevanandjelkovic)


Како што откри, најубаво му било кога ја видел Наташа во венчаница бидејќи изгледала „како божица“. Сепак, првата брачна ноќ не помина како што замислуваа.

- Почнав да ѝ го соблекувам фустанот, сакавме да ја имаме првата брачна ноќ, но потоа нејзините роднини ни се јавија на домофон во пет часот наутро бидејќи не можеа да најдат сместување. Таа излезе да им помогне, јас за тоа време заспав. Кога се врати, не можеше да ме разбуди и заедно со соседот мораше да ја скрши вратата за да влезе во станот. Вистинско лудило – изјави во таа прилика Стеван.

Извор: www.hellomagazin.rs