Четири свети места во Бугарија каде се остваруваат сите соништа и желби

Ова го докажуваат илјадниците луѓе кои веќе го оствариле она што им се чинело невозможен сон.

Најлудните соништа се остваруваат на овие четири места во соседна Бугарија. Многумина спасот за својата мака, остварувањето на своите желби, лекот го пронашле токму на овие четири свети места.

За Светицата Стојна зборувала и Баба Ванѓа и раскажувала за нејзините неверојатни способности. Двете се познавале и почитувале. Јасновидката Ванѓа и се поклонувала.

Светицата поминала 30 години од животот во селото Златолист, денешно Долна Сушица недалеку од локалитетот Рупите. Барањата на луѓето се исполнуваат и тие наоѓаат спас од нивните проблеми во последниот дом на светицата Стојна во храмот во Златолист. Храм кој е изграден пред деветиот век, во тракиско време. Го носи името на Свети Ѓорѓи и според верниците чудото сè уште е таму.

Златолист е мало село сместено на 32 км од градот Сандански. За да се стигне до селото, треба да поминете низ селото Катунци. Патот не се препорачува за ниски автомобили бидејќи на некои места нема асфалт.

Денес во селото Златолист живеат 7-8 лица, но во текот на топлите месеци го посетуваат илјадници бугари и странски туристи. Главната атракција е црквата Свети Ѓорѓи. Муралите се чудни и атипични за црква. На едниот ѕид се наоѓа гола жена и ѓавол со самострел. Никаде на друго место нема откриено вакво фреска. Од друга страна, гледате ѓавол како влегува во количка. Исто така има и светец прикажан со глава на коњ.


Второто од четирите места за исполнување на желби е криптата, односно тајното место во Руската црква во Софија. Епископот Серафим е закопан таму.

Според историјата, светителот сакал да ги слушне барањата на луѓето преку писма. Затоа стотици луѓе доаѓаат на малата крипта. И таму ги пуштаат своите писма со скриени желби во кутија, покрај гробот на епископот Серафим. Од храмот, се категорични дека никој не ги чита, а потоа писмата се горат.

Илјадници го најдоа своето лекување откако писмено побараа помош од светителот. Исто така, постојат многу случаи кога жените забремениле откако побарале преку писмо да им помогне светецот.

Еве сведоштва на луѓето за чудата што им се случиле откако се молеле на епископот  Серафим:

Сопругата на д-р К. од Нова Загора, Р., имала рак на желудник. Нејзиниот сопруг, како лекар, се погрижил да се направат сите тестови и, откако биле дијагностицирани, ја испратил на операција во главниот град на Бугарија.

Кога пристигнала во Софија, Р. најпрво отишла кај гробот на епископот Серафим, кого претходно длабоко го почитувала, и со чисто срце го замолила операцијата да помине во најдобар ред. Потоа била примена во болница. Пред самата операција, сите тестови и биле направени повторно. И што се случи? Излезе дека воопшто нема карцином!

Среќната жена излегла од болницата и пред сè побрзала да му се заблагодари на нејзиниот прекрасен лекар, епископ Серафим.

Една жена, таксист, немаше деца многу години. На сон и дошло дека има бебе во својот автомобил на задното седиште и тоа дека тоа плаче. Се прашувала од каде потекнува ова дете, одеднаш во сонот добила одговор „ Од улица Цар Ослободител 3“.

Утрото, жената од интерес отишла да види што има на таа адреса. Додека влегувала во црквата, таа им го раскажа својот чуден сон на црковните службеници кои ја советувале да се моли на гробот на епископот Серафим. Многу наскоро, жената родила дете, и оттогаш го слави денот на епископ Серафим како своја куќна слава.


Во Рилскиот манастир, посветен на Јован(Иван) Рила, чудотворец секојдневно илјадници луѓе го посетуваат местото, а во неработни денови местото е преполно и со македонци кои освен прошетка до таму и уживањето во природата која го нуди местото, бараат некогаш и спас за своите проблеми.

Светителот живеел високо во планините околу 876 година и до него се стигнува со тесен премин. Со вера, ако можете да поминете преку тој тесен тунел, тогаш Бог ги слушнал вашите молитви. Па дури и вашиот најнеостварлив сон ќе се оствари.

Вработен во манастирот раскажа една приказна од илјадите приказни кои тие ги слушаат од верници кои со помошта на Иван Рилски ја оствариле својата најголема желба или нашле спас за свој проблем.

Мајка на дете од 4 години кое не зборувало воопшто, со чисто срце и огромна желба да и оздрави детенцето и да проговори, тргнала боса со детето на грб пеш од своето родно место градот Видин до Рилскиот манастир. На мајката и било кажано од лекарите дека е мала веројатноста детето да преговори. Но, мајката не сакала да се откаже и одела пешки од домот нејзин  до местото кадешто се молел светецот,  до манастирот, така направила два пати, но не губела надеж, за на третиот пат кога стигнала на врвот кадешто се молел светецот и посакала детето да проговори со чисто срце и огромна желба, тогаш детенцето рекло: Мама, жеден сум, сакам вода.

Според вработениот тоа е само една приказна од илјадите на кои и тие биле сведоци. А низ годините се враќале жени од целиот свет да му се заблагодарат на светецот за децата кои ги родиле откако побарале негова помош, а се борелесо години со неплодност.

Според вработените и верниците и Магичното езерце во пештерата Леденика, исто така, исполнува смели соништа. Сместено е на крајот на еден од тунелите. Водата лечи и ги исполнува соништата. Сè додека ги натопувате рацете во него, вели верата.

Ако имате скриена желба или сон, можете да ја искористите чудесната моќ на малото езерце. Сè што треба да сторите е да застанете на античката пештера каде што можете да уживате и во природните глетки и да си ја споделите желбата и сонот со светецот и езерцето.