Чиста љубов во буквална смисла на зборот: Фотографија од мозокот на мајка и бебе во момент на бакнеж го воодушеви светот

Невронаучникот Ребека Сакс во септември минатата година направи прекрасна фотографија со помош на магнетна резонанца - моментот кога мајка го бакнува својот двомесечен син.

Фотографијата покажува кои делови на мозокот се активираат, каква е реакцијата на бакнување и лачење на окситоцин, што многумина го нарекуваат „љубовен хормон“, како и допамин, хормон за задоволство и вазопресин, кој има функција во воспоставување врска меѓу мајка и дете или меѓу љубовните партнери.


Според NH Nero Training, мозокот на бебето има помалку бела маса, составен од миелин, односно бела супстанција која се обвиткува околу нервните влакна, така што на фотографијата изгледа потемна и измазнета.


Извор: NH Neuro Training

Фото: Profimedia


Мајката која му го даде своето око на синот: Ја мразеше, но доби писмо...