,

Цврсто прегрнати: Бали-бег и Фахрие го прославија вториот роденден на нивниот син

Фаталниот воин од „Сулејман Величествениот“, Бурак Озџевит, кој ја маѓепса женската публика со улогата на Бали-бег, е горд татко на синчето Каран.

Веќе неколку години е во брак со турска актерка Фахрие Евчен, а хармоничниот брак го крунисаа со малечкиот син, кој е копија на татко му.

Имено, славната двојка денес го прослави вториот роденден на Каран.
Убавата актерка објави неколку фотографии од прославата на Инстаграм. Бројни следбеници испратија честитки.

-Нека ни бидат годините полни со радост, секогаш смеејќи се, цврсто прегрнати.. Среќен роденден драг синко, напиша убавата Фахрие која кај нас се прослави со улогата на Неџла.

фото:инстаграм

извор:azra.ba