Дај му на човекот Натали: Џамбазов ја потсети јавноста на златната ера на телевизиските игри (ФОТО)
Најпознатиот шоумен кај нас, Игор Џамбазов ја потсети јавноста на 90-тите
години. Имено актерот на својот Инстаграм профил сподели фотографија од него и
некогашната бинго-девојка Натали Грубовиќ.
„Елеганција во движење...со Натали Грубовиќ, во златната ера на телевизиските игри на среќа“, напиша Игор до објавата.
Фотката што ја сподели шоуменот, ги потсети неговите следбеници на убави времиња, им наврати спомени.
„Дај му на човекот сега Натали дај му", овај слоган остана во народот од тие времина...“, „Уште го имам истиот број на монилниот што го добив на бинго 2001 год. Дајте сега едно вакво бинго... да добива народов нешто убаво, а не само корона“, „Ова не е бинго, ова е "Супер Бинго““, се само дел од коментарите под фотографијата од следбениците на актерот.
Игор и Натали важат за најпознатата Бинго двојка кај нас. Тие заедно ги водеа наградните игри: „Џандар Збира“, „Супер Бинго“ и „Тркало на среќата“ .
Можеби ќе ве интересира:
Јас го направив првиот чекор: Игор Џамбазов за почетоците со Илина АрсоваНајважно ми е да бидам добар пример за моето дете: Утринско кафе со Натали Грубовиќ-Глушац