Дали кристалите можат да донесат среќа во вашиот дом?

Добивај вести на Viber

Со векови има луѓе кои уживаат, но и веруваат на кристалите, бидејќи сметаат дека тие ќе им донесат среќа и успех во секој животен аспект.

Од одбивање на негативната енергија, со што ќе се чувствувате поудобно, до прекрасна идеја за интересен декор и дополнување на домашната атмосфера, благодарение на неверојатните форми и бои на кристалите.

Без разлика на тоа во која соба ќе ги ставите, тие дефинитивно создаваат поинакво чувство. 

Барем на изглед тие се одлична идеја ако сакате да донесете нешто свежо и различно. 

Во 2013 година актерката Кејт Хадсон кажа во едно интервју дека на ноќната масичка до креветот има една кристална вазна, која е полна со розов кварц во форма на срца, подарок од нејзината мајка.

Можете дома да ставите аметист, кварц, турмалин, цитрин и други.