Дамиано ги изненади обожавателките: Згодниот фронтмен на „Манескин“ направи промена во имиџот (ФОТО)

Згодниот фронтмен на групата „Манескин“, Дамиано Давид, ја смени фризурата и ја потстрижа својата долга коса по која е препознатлив, а многумина сметаат дека тој сега изгледа уште подобро.

Откако се појави на јавната сцена и маѓепса милиони луѓе ширум светот, Дамиано Давид го следи секој чекор и слободно можеме да кажеме дека со своето необично ослободување ги помести модните граници и го врати рок-гламот во мода.


Препознатлив по неговите долги кадрици и ексцентричен стил на облекување, тој сега ги изненади сите со драстична промена. Имено, Дамиано ја скрати косата и ja „облече“ една од најпопуларните фризури ова лето, таканаречениот „фудбалер“, којa ja носеа многу познати личности како Мајли Сарус, Ријана и многу други оваа сезона.

Тој се пофали со својата нова фризура на Инстаграм, а и овој пат коментарите не изостанаа.

И додека некои не можат да ја „прежалат“ неговата долга коса, повеќето се согласуваат дека сега изгледа уште подобро. Патем, тој е прекорен за носење здолништа, шминкање и лакирање на ноктите, па дури и за носење подолга коса. Сега уште еднаш докажа дека нема што неможе да износи.

„Каков човек“, „Божество“, „Сега си уште поубав за мене“, „Зошто си ја истрижал косата?“, „За што сега ќе го обвинувате“, „Дамиано омажи се за мене“. .. се само некои од коментарите на обожавателите.

Дали Дамиано е поубав со кратка или долга коса? Кажете ни во коментар и споделете го вашето мислење со нас!

Дамиано Давид во фустан ја „полуде“ публиката: Со што овој маж ги освои жените?