Дарко Лешоски: Дваесет свештеници и една свештеничка...

Добивај вести на Viber

Еден поинаков концепт на поетот и сестран уметник Дарко Лешоски специјално за Женски магазин. Преку медиум- видео форма ги растура своите мисли- всушност „чудни“, необични зборови од секој светски јазик кои имаат длабоко значење, а тој се надоврзува на суштината на зборот со одлична нарација, умствена „гимнастика“ и визуелен опис.

„МОКИТА“ (Именка) – Јазик: Јазик на Киривина, Папуа Нова Гвинеја. – „Она кое сите го знаат, но никој  на глас не го изговара.“

Дваесет свештеници и една свештеничка, која ја викале Ешун, медитирале со некој учител по зен.

Иако главата ѝ била избричена, а наметката сосем проста, Ешун била многу лична. Неколку свештеници скришно биле вљубени во неа. Еден од нив ѝ напишал љубовно писмо, во кое барал таен состанок.

Ешун не одговарала. Следниот ден учителот одржал јавно предавање. Кога било завршено, Ешун станала. Му се обратила на оној што го напишал писмото:

„Ако навистина толку ме љубиш, дојди сега и прегрни ме“. 

Превод и подготовка: Владимир Мартиновски и Владимир Јанковски.