Дарко Лешоски: И дека ќе биде сѐ добро и дека ги сакам
Еден поинаков концепт на поетот и сестран уметник Дарко Лешоски специјално за Женски магазин. Преку медиум- видео форма ги растура своите мисли- всушност „чудни“, необични зборови од секој светски јазик кои имаат длабоко значење, а тој се надоврзува на суштината на зборот со одлична нарација, умствена „гимнастика“ и визуелен опис.
Balter - именка. Потекло: Средновековен (стар) англиски јазик (Средноанглиски јазик)
Значење: Несмасно и невешто танцување, ама со голема радост, така што умешноста и вештината на танцувањето е во втор план и сосем неважна спроти радоста која зрачи од оној кој игра.
...
Понекогаш сакам само да им пишам на некои луѓе кои ги сакам само: Иде пролет.
И да не вратам ништо послем тоа.
Не знам зошто онака.
Само иде пролет и да играм сам со себе како никој да не ме гледа.
А не дека не го прават тоа кога сум сум сам - ко првокласна стриптизета знам да сум со крпата меѓу ноѕе ако сум во бања или во кујна и мислам дека ако некој ме види на лице место можам да умрам.
Ама ете, само иде пролет.
Како некое скриено и премолчено срамежливо ветување кое на глас не можам да го кажам ми е срам.
И дека ќе биде сѐ добро и дека ги сакам.