Дарко Лешоски: "Не престануваш некого да сакаш само заради тоа што го мрзиш!"

Добивај вести на Viber

Еден поинаков концепт на поетот и сестран уметник Дарко Лешоски специјално за Женски магазин. Преку медиум- видео форма ги растура своите мисли- всушност „чудни“, необични зборови од секој светски јазик кои имаат длабоко значење, а тој се надоврзува на суштината на зборот со одлична нарација, умствена „гимнастика“ и визуелен опис.

Sehnchuht. Именка. Потекло: Германски јазик. Копнеж.

"Не престануваш некого да сакаш само заради тоа што го мрзиш! " паметам сестра ми еднаш ми кажа.

И точно е. 

Навистина е така.

Затоа ти си сега јазик кој јас никогаш повеќе нема да го говорам.

Никогаш!

Душата твоја за мене ќе биде мртов јазик - засекогаш.

И јас ќе молчам.

Ќе молчам.

Нема никогаш на тој јазик да прозборам пак.

јазик кој некогаш го говорев поубаво од било кого кој некогаш чекорел  на оваа земја -  јазикот на душата твоја!

Ама јас никогаш нема да престанам, јас не можам да негирам, јас не смеам да се правам луд и другите и себеси си сам да се лажам.

 Дека јас сеуште знам и никогаш нема ни да заборавам дури дишам... 

дека јас сеуште на тој јазик кој никогаш пак нема да го говорам, знам да читам и

да пишувам. 

И тоа како знам!

Сеуште знам!

Како што гледаш...

И јас можеби ќе умрам да те прегрнам, ама рацете ќе си ги искршам попрво пред да ги пуштам.