Дарко Лешоски: Сончевата светлина која се „цеди“ низ лисјата од дрвјата

Добивај вести на Viber

Еден поинаков концепт на поетот и сестран уметник Дарко Лешоски специјално за Женски магазин. Преку медиум- видео форма ги растура своите мисли- всушност „чудни“, необични зборови од секој светски јазик кои имаат длабоко значење, а тој се надоврзува на суштината на зборот со одлична нарација, умствена „гимнастика“ и визуелен опис.

Komorebi 木漏れ日 – (именка, потекло: Јапонски јазик) – сончевата светлина која се „цеди“ низ лисјата од дрвјата.

И во оваа катедрала од дрвја спремни да спијат

Последните сништа на летото се цедат како светлина низ нивните лисја 

И златна нежна приспивна песна се слуша одозгора

Пролетта ќе се врати! 

Спокојно сонувај! 

И благодарни сме кога ги слушаме децата како се смеат

Безразлика колку ние сме остареле или тие пораснале

Зошто смеата нивна е сега магична

и спокојна 

Како шушкањето на овие златни ливчиња

И благодарни сме кога ќе се вратиме дома и ќе ја префрлиме раката преку рамото на оние кои душата наша најмногу ги сака

Меки сме ние тогаш! 

Меки како мовта која сега ни го допира вратот дури лежиме овдека