Дарко Лешоски: Свесност за секој миг кој се губи во неповрат
Еден поинаков концепт на поетот и сестран уметник Дарко Лешоски специјално за Женски магазин. Преку медиум- видео форма ги растура своите мисли- всушност „чудни“, необични зборови од секој светски јазик кои имаат длабоко значење, а тој се надоврзува на суштината на зборот со одлична нарација, умствена „гимнастика“ и визуелен опис.
Mono No Aware (фраза, потекло: Јапонски јазик) буквален превод означува „патос на нештата“ (од грчки πάθος ) Чувствителност кон минливоста, ефемерноста на нештата, свесност за секој миг кој се губи во неповрат...
Тага која не принудува на понизност и прифаќање на човековата краткотрајност. Оттаму е симболот на цветот на црешата во јапонската култура, краток човечки живот. Во македонските приказни забележани од Цепенков приближна е македонската архаична фраза „мамена дуња“. Кога реалноста ни минува како сон покрај нас...