Дарко Лешоски: Тоа нашето не е веќе ни свиѓање ни привлечност ни љубов ами повеќе нешто како враќање, на срцето на место, на душата дома
Еден поинаков концепт на поетот и сестран уметник Дарко Лешоски специјално за Женски магазин. Преку медиум- видео форма ги растура своите мисли- всушност „чудни“, необични зборови од секој светски јазик кои имаат длабоко значење, а тој се надоврзува на суштината на зборот со одлична нарација, умствена „гимнастика“ и визуелен опис.
Те видов.
И ти ме виде мене во гужвата.
И тргна накај мене
И јас накај тебе тргнав
И јас ти реков „Здраво“
и ти „здраво“ - ми кажа и се насмевна.
И ти првин се обѕрна и ме гушна
И јас сконтав и те гушнав културно и со исав не како што знаев да те подигнам од земја
И ти знаеше дека можеш да ме имаш уште истата секунда макар овде и сега
(само до тоалет да отидевме обајцата...)
И јас и ти знаевме знаевме пак,
дека тоа нашето не е веќе ни свиѓање ни привлечност ни љубов ами повеќе нешто како враќање.
На срцето на место,
на душата дома.
„Doki-Doki“ (Именка) – Јазик: Jапонски јазик – „доки-доки ドキドキ е звукот кој го создава вљубеното срце.“