Изострено перо // Поезија
Дарко Лешоски: Враќање ...
Поетот и сестран уметник Дарко Лешоски специјално за Женски магазин.
Враќање - Блаже Конески
Се поврати човек во родниот град
по многу време и мака.
Што оставил еднаш тој не најде пак,
тој не најде ништо
да мрази и сака.
И прошета дента по сокаци сам
со надеж за веселба бујна.
И прошета дента, а штом падна мрак,
тој застана мрачен
крај реката струјна.
А пееше долу брзотечен бран
за нешто што неврат го гони,
и човекот сети во душата жал,
му дојде да вика
и солзи да рони.
„Бонга“ (Именка) – Јазик: Јазик на Сантали, Индија. – „Бонга е духот на некое место, дух со кој духот на човекот мора да се справи и соочи.“