Деца ја пронашле исчезнатата Наташа од Кочани: Била дехидрирана, ја пренеле итно во болница

16-годишното девојче од кочанското село Оризари по кое се трагаше интензивно е пронајдено од неколку деца кои биле вклучени во потрагата. Веста за ,,Фокус” ја потврдија нејзини роднини, кои без престан по лоши временски услови трагаа по девојчето.

-Жива е, тоа е најважно. Неколку млади момчиња, да не речам деца, кои беа вклучени во потрагата ја најдоа, дехидрирана е, ја носиме во болница. Најважно е што е жива, ова е големо олеснување, благодарни сме на сите кои на било кој начин помогнаа – рекол близок роднина на девојчето за Фокус.

Инаку, Наташа излегла од дома вчера наутро, на денот на својот 16-ти роденден, по што и се изгубил траг. Роднините со неколку полицајци ја бараа среде невремето, и апелираа за помош од надлежните институции. Пребаруваа околу Гоцевата шума во Кочани, околу Гратче, во многу лоши временски услови.

Нејзини блиски на социјалните мрежи веднаш алрамираа дека Наташа Николова е исчезната по што беше организирана интензивна потрага.