„ДЕЧКИ ОД МАКЕДОНИЈА ПАТ ПОДГОТВЕТЕ СЕ“: Доаѓаат интензивни врнежи од снег, Попоски ги повикува повторно одлично да ја сработат работата

Добивај вести на Viber

Метеорологот Славчо Попоски со најнова метео најава за снежни врнежи во земјава.

„По краткотрајното затоплување кое ни пристигна, веќе имаме официјални инфоирмации дека веќе од четврток попладне и навечер кај нас доаѓа нова голема промена на времето и нов голем бран на врнежи од запад, поточно од Атлантикот.

Најпрвин врнежите насекаде ќе бидат од дожд, потоа во четврток навечер и во текот на ноќта кон петок поради продор на многу постуден воздух од север, на планините и на повисоките места врнежите од дожд брзо ќе преминуваат во врнежи од снег (НАПОМЕНА: Снежната граница ќе се спушти под 1000 метри надморска височина). На планините и на Скијачките центри ќе се формира позначителна снежна покривка (од 20 до 30 сантиметри, понекаде и до 40 сантиметри, особено на високите планини).

За време на викендот, и тоа поради понатамошно спуштање на студен воздух од север, послаби локални врнежи од снег ќе има и во градовите. Сето ова ќе биде проследено со засилен ветер од северен правец.

Повеќе на Фактор.мк