Декупаж техника на вапцање јајца: Како да добиете уникатни дезени за само 5 минути (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Идеално решение за оние домаќинки кои немаат многу време, а сакаат да имаат совршено украсени велигденски јајца

Велигден е една од најубавите можности за украсување на домот и користење на креативноста во бојадисувањето на јајцата, пишува „lepaisrecna“. Техниките за декупаж се едни од најефикасните, а во исто време и наједноставните. Оваа година задолжително пробајте го овој начин на украсување.

Потребни материјали:

- белки од јајца

- ножици

- најубавите исечоци или мотиви се салфетките

- четка

Не ви треба ни лепак, ниту боја. Ваквиот начин на украсување на јајцата е пред се еколошки и нема страв од отровни материи. За декорација ќе ви треба само еден слој салфетка, оној каде што е мотивот што сакате да го насликате на јајцето.

Постапка:

Вареното јајце премачкајте го со белка и залепете го мотивот од салевета, па повторно премачкајте го со белка и оставете да се исуши. И тоа е сè !


Фото и Видео: Youtube / Kuhinja Sunčane Staze