Денес е национален ден на палачинките: Како само да ги направите познатите американски палачинки?

Добивај вести на Viber

1-ви март, денеска е националниот ден на палачинките

Доколку сте љубител на палачинки, сигурно ги имате пробано сите варијанти на теста, но и филови. Но, дали досега сте ги пробале прочуените американски палачинки?

Во американските филмови често гледаме дека за појадок се посложуваат оние мали, дебели, меки палачинки, кои најчесто се прелеваат со чоколадо, јаворов сируп или пак мед. Доколку сакате да ги пробате, денеска е вистинското време за тоа.

Ова се потребните состојки за овој едноставен рецепт: 135 гр. брашно, 1 лажица прашок за пециво, 2 лажици шеќер, 123 мл. млеко, 1 поголемо јајце, 2 лажички стопен путер или маслиново масло и малку сол.

Начин на подготовка: Измешајте го брашното, прашокот за пециво, солта и шеќерот во поголем сад. Во друг сад изматете го јајцето, а потоа додајте го млекото и растопениот путер/маслиново масло. Смесата измешајте ја со брашното и останатите состојки и мешајте додека состојките не се соединат. Загрејте ја тавата и премачкајте ја со путер. Со црпалка сиете од смесата во тавата и испечете ги палачинките на стандарден начин.

За сервирање палачинките наредете ги една врз друга, а можете да ги послужите со мед, јаворов сируп, растопено чоколадо или пак топка сладолед.

Наздравје!

*Посни палачинки: Меки како душа, тенки и вкусни исто како мрсните (РЕЦЕПТ)