Денес е Свети Илија, еве што треба да јадете за здравје

Добивај вести на Viber

Иако денешниот празник се одбелеува како Илинден, денот на Илинденското востание, верниците денес го слават Свети Илија или Илија Громовник како што е познат помеѓу народот. Според верувањата, Свети Илија е најсушниот и најтоплиот дел од годината.

Во народот се вели дека по празникот Св.Илија полека одминуваат жештините и сонцето е поблаго. Старите велат дека на денешен ден е добро да јадете мед за здравје. 
Медот им се давал на децата, наутро, а некогаш обичајот бил мајките да ги намачкаат децата со мед за цела година да бидат здрави.

Се верува дека токму Илија е тој кој одредува кога и каде ќе падне дожд, а кога ќе биде суша. Поради тоа и до ден денешен во селата се задржал обичајот на Свети Илија да не се работи на поле, за да не се навлече гневот на светителот.