ДЕПРЕСИЈА, АНКСИОЗНОСТ, ОТУЃУВАЊЕ: Кои се последиците по психичкото здравје од пандемијата?

Добивај вести на Viber

Несоница, анксиозност, депресија и други проблеми ги мачат луѓето. Поради пандемијата на коронавирусот многу граѓани  чувствуваат последици по психичкото здравје. Велат дека нивните навики и начинот на живот денес не се исти како пред појавата на коронавирусот. Психологот Билјана Атанасовска објаснува дека секој човек различно се носи со овие психолошки состојби.

„Она што можам да го кажам и од сопствено искуство во психолошката работа со моите клиенти е дека пандемијата и поврзаните случувања со неа, ги интензивираа постоечките психички слабости кај некои луѓе и тие станаа понагласени психички проблеми. Но, исто така се зголеми и бројот на клиенти со новонастанати психички проблеми. Најчесто се работи за зголемена анксиозност, депресивност, пострауматски синдром, нагласено чувство на „необјаснив“ замор, растројства во спиењето, социјално отуѓување (повлекување, немање желба за дружење) и други понеспецифични последици. Сепак, кај луѓето со поголема психичка резилиентност, ваквите последици беа со многу помал интензитет и/или се покажаа како пократкотрајни и полесно минливи“, вели Атанасовска, психолог во советувалиштето „Божилак“ во Битола.


Деталите читајте ги на Фактор тука.