Деветта уметност - вака најчесто ги нарекуваат цртежите кои со неколку збора раскажуваат големи приказани. Стриповите се уникатна уметност заради посебното спојување на визуелниот и литературниот начин на создавање на приказните кои често се пренесуваат и на филмското платно. Оваа единствена форма на уметност на хартија секогаш била многу повеќе од филмски хит.
За деветтата уметност во Македонија, специјално за HASHTAG.MK зборуваат Давор Драмиќанин (стрип-сценарист) и Игор Јовчевски (стрип-цртач и илустратор), момците кои го создадоа првиот македонски суперхерој - АЈВАРМЕН.