Девојка (18) отишла во болница поради болки во грбот, посетила тоалет и таму се породила: Дали е можно? – Ослабев, а само една работа ми беше чудна

Добивај вести на Viber

Дион имала редовен циклус и немала знаци дека е бремена. Не можела ни да сонува дека ќе се породи во болнички тоалет.

18-годишната Дион Сибтон добила силна болка во грбот и била убедена дека се повредила на работното место во Бургер Кинг. Болките не биле „обични болки“, туку породилни, а таа не ни знаела дека е бремена, пренесува Метро.

Таа отиде во болница на преглед за да открие што не е во ред. По прегледот од општ лекар морала да чека повеќе резултати. Помеѓу двата теста отишла во тоалет, каде ненадејно се породила.

„Грбот ме болеше околу три дена и мислев дека сум се повредила на работа, па отидов во болница за да дознаам што не е во ред. Поради пандемијата бев сама. Ме примија, ми го мереа притисокот и температурата, па чекав повторно да ме примат“, рече таа.

Дион отишла во тоалет во болница, а следниот момент родила ќерка - не ни знаела дека е бремена. Таа извикала и повикала медицинска сестра за помош.

„Ја извадија од тоалетот и ја однесоа да ја избањаат. После тоа првпат ја видов во породилиштето. Беше страшно. Никогаш во животот не сум била толку исплашена", објаснува Дион.

По ненадејното породување му се јавила на своето момче Калум Морис (18) за да му каже дека ќе стане татко. Иако бил во шок, брзо пристигнал во болница со нејзината облека подготвена да ја пречека ќерката.

Девојката вели дека немала никакви симптоми на бременост. Таа вели дека имала впечаток дека ослабела пред да се породи.

„Имав редовни менструации, па не ми падна на памет дека можам да бидам бремена. Се чувствував сосема нормално. Немав чудна желба за храна, нозете не ми отекуваа и облеката ми се вклопуваше. Не се здебелив, всушност сите што ме видоа ми велеа дека сум ослабела“, рече таа.

Бидејќи не знаела дека е бремена, Дион во текот на бременоста правела разни работи кои не смеела, но за среќа ништо не влијаело на развојот на нејзината ќерка. Лили Меј е родена целосно здрава, а сега се навикнува на новиот живот заедно со родителите.

Фото: Принтскрин
Извор: Zena.blic.rs