Димитриј со кадрава руса коса, Михаил сè повеќе наликува на тато Ламбе: Алабаковски ги покажа пораснатите синови

Добивај вести на Viber

Ламбе Алабаковски кој беше наш истакнат пејач, веќе неколку години живее во Америка. Тој, откако со сопругата Магдалена и со синот Михаил се пресели во САД, се посвети на приватен бизнис, и вели дека музиката не му фали, затоа што е дел од него. Таму тие го добија и второто дете, синчето Димитриј.

Тој летово, после пет години се врати во Македонија на одмор, а за Женски магазин изјави дека - дома чувството е неописливо со зборови.

Тој инаку ретко споделува фотографии на социјалните мрежи, но вчера објави фотки од синовите кои се видно пораснати.

Помалиот, Димитриј, има преслатка руса, кадрава коса.

Додека, поголемиот син, Михаил сè повеќе наликува на татко му, Ламбе.

Михаил во ноември наполни седум години, а Димитриј во април ќе полни две годинки. 

-Михаил сака разни игри поврзани со адреналин, по природа и е доста активно дете, музикален е, но срамежлив засега, посетуваше неколку Христијански градинки и кампови (бидејќи тука во скоро сите цркви има школо од најмала возраст, некои и до осмо одделение.) Димитриј е многу радосно бебе, исто така овие денови сè помалку се спие и одмaра особено сега кога има први запчиња“, рече Ламбе за своите синови.  

За сопругата Магдалена, Ламбе, во една прилика за Женски магазин изјавидека ја сака сè повеќе секој ден, и рече дека бракот е нешто што се гради и се негува со многу трпение и љубов. 


Ламбе се врати дома по пет години во Америка: Научив повеќе да ценам што е татковина и дом

Второто синче на Ламбе Алабаковски наполни една годинка: Преслатки фотографии