Дневна доза инспирација: Со две ампутирани нозе е на пат да гради светска кариера

Добивај вести на Viber

Манекенството е тешка професија која бара голем број жртвувања, па дури и за оние кои се природно надарени со убавина.

Но, благодарение на Дејзи Меј Деметре, седумгодишно девојче од Бирминген, манекенството добива една сосема друга димензија.

Таа е родена со недостаток на коски во пределот на нозете, па нејзините родители одлучиле дека за неа најдобро би било да се ампутираат двете нозе. Сепак тоа не ја спречи Дејзи да го живее својот сон и да се запише во Агенција за поинакви модели.


Откако нејзините родилите отворија профил на Инстаграм, таа стана вистинска инспирација за многумина и на само 7 години веќе смело чекори во манекенските води.

Доколку сметате дека не можете да совладате одредена препрека во животот, нека Дејзи ви биде пример за тоа дека никогаш не треба да се откажете од своите соништа, колку и да изгледаат неостварливи на прв поглед.