До женатa која ме праша дали морам да објавувам фотка од моето бебе на Фејсбук: Писмо од мајка кое стана вирално

„Овој текст го посветувам на жената која ме праша дали е потребно да поставам фотографија на моето бебе на Фејсбук“.

Вака започнува текстот што крена многу прашина од Рејчел Волен, која се соочи со најголемата трагедија во нејзиниот живот, а ние го пренесуваме нејзиниот текст во целост:

- Да, таа слика на моето починато дете беше неопходна бидејќи тоа е мое дете. Вие што ми пишувате дека „немавте време да скролате понатаму и моравте да го видите“, мора да знаете дека тоа беше мојата ќерка Дороти. За жал, повеќе не можам да ја видам затоа што почина.

По двата спонтани абортуси, Дороти беше моја шанса конечно да го добијам бебето што толку многу го посакував. Во текот на целата бременост, се плашев дека и неа ќе ја изгубам. Кога стигнав до 28-та недела од бременоста, помислив дека сме безбедни. Си дозволив да започнам да се радувам. Само две недели подоцна, се соочував со нова болка.

Откако ми дијагностицираа прееклампсија, бев една недела во болница и редовно ме проверуваа. Се требаше да биде во ред, бебето требаше да пристигне безбедно. Сепак, не беше добро и немаше потреба лекарот да ми го каже тоа. Тишината по породувањето кажа се‘. Никој не рече ни збор. Штом ја донесов на светот, време беше да се збогувам. 

Секој ден се прашувам како би било да е денес овде. Затоа ја споделив оваа фотографија - таа е само едно од милиони такви бебиња. Таа е една од фотографиите на тивка криза за која родителите молчат. Ова е тешка, застрашувачка работа и понекогаш луѓето треба да зборуваат за тоа. Ако не споделиме фотографии, никој никогаш нема да зборува. Така, ќе продолжам да ја споделувам таа фотографија - не за да ве нервирам, туку за поддршка на друг родител кој бил или се наоѓа во мојата ситуација, да не се плаши и да не молчи за својата болка.

Можеби нема да го прочитате ова, но некој сличен на вас ќе го прочита. Вие и другите како вас можете да ја свртите главата од нашите фотографии. Ние не можеме затоа што тоа е нашиот живот. И затоа мислам дека е потребно да се сподели таа фотографија. Она што не беше потребно беше твојот коментар за неа - вели Рејчел во есеј што многу брзо ги обиколи социјалните мрежи.


Фото: Фејсбук/Rejcel Volen 

Можеби ќе ве интересира:

Кога ја родив ќерка ми, беше помала од мојата дланка и скоро проѕирна: 4 години подоцна луѓето не можат да им веруваат на своите очи кога ќе ја видат