Доаѓаше со перики да направи шоу: „Акустик Дивижн“ за Влатко Илиевски

Добивај вести на Viber

Максимално се вложуваше секоја можна минута во настапите. Никогаш не глумеше, на сцената, но и позади неа беше ист. Се појавуваше со различни елеци, со перики, само да направи поразличен настап - раскажуваат Бојан Гелевски и Марио Кузев од „Акустик Дивижн“ со кој Влатко Илиевски ги имаше последните клубски настапи.

На гостувањето во отвореното студио на 1ТВ членовите на бендот евоцираа спомени за трагично починатиот пејач и актер со кој активно настапуваа повеќе од две и пол години.

- „Чукни во дрво“ е првата песна која секогаш се свиреше на проба, првата песна што Влатче ја научил на гитара. Постојано се зборуваше за музика, секоја желба беше споделувана. Сите песни ги знаеше, жив џубокс беше. Знаеше да запее и отсвири стари македонски песни што дури ние не ги знаевме. За седенките секогаш имаше џокер во рака да изненади - откриваат тие.