Додека ги вежбаше претпоследните тренинзи пред експедицијата за Марсеј, татко ѝ на Бетика со изненадување: „Тато секогаш стои зад тебе“
Изненадувањата се секогаш нешто интересно, посебно ако се позитивни и подготвени од најсаканите.
Едно такво убаво изненадување ја дочека нашата инспиративна дама, Ресенчанката Бети Котовчевска.
Имено, додека таа вежбаше за претпоследните тренинзи пред експедицијата која ѝ претстои во Марсеј, Франција на Алпите, нејзиниот татко направи нешто прекрасно, придружувајќи ја.
Повеќе нема да пишуваме, оставаме да погледнете и да уживате во оваа убавина.
„Утрово се спремав за претпоследните тренинзи пред експедицијата,татко ми го пиеше утринското кафенце и ме праша:
а да дојдам и јас можит?
Потскокнав од радост, секако реков спремај се .
П.с. Тато мразит ладно,посебно на стапалата.
Секој си го спреми ранчето и тргнавме.
Па се погоди и денот,денеска беше еден прекрасен сончев ден пополека се приближувавме до Ротинско езерце,се сместивме.
Јас почнав со припреми, почна аклиматизацијата, почнав со дишење, ги замижав очите и влегов во мојот свет.
А тато во позадина го пратеше секој мој чекор.
Бликав од радости.
Го осеќав неговото присувство и едвај чекав да се искапам.
За момент се исклучив, не знаев што се случува во позадина.
Бевме само јас и мојот здив.
Кога завршив со дишењето пополека ги отворам очите што да видам!!!
Чаленце по шорц и маичка и волнени чорапи .Царот веќе си ја нацртал скицата, па ме чекал за да ја запали моторката...
Не можев да им верувам на очиве.
Ова беше најубавиот тренинг во мојот живот!
Во ЉУБОВ!
Си се изнаплакав поштено..
Ми рече: тато секогаш стои зад тебе, во љубов да те испратам на експедицијата, во љубов да блеснеш на Алпите!
Те љубам бре!!!! Се дерев,ТЕ ЉУБАМММ!
СПОЛАЈ МИ ТИ ШТО ТЕ ИМАМ,СПОЛАЈ МИ ТИ ЗА НАЈГОЛЕМАТА ПОДДРШКА НА ЦЕЛ СВЕТ,СПОЛАЈ МИ ТИ ШТО БАШ ТИ СИ МОЈОТ ТАТКО.
И СТО ПАТИ ДА СЕ РОДАМ ТЕБЕ ЌЕ ТЕ ИЗБЕРАМ.
My DAD is my HERO.
Да знаете од каде доаѓа оваа хероина.
Од човекот кој што верувал во секој мој чекор,од човекот кој што со гордост и со најголемото Лавовски срце кине и гризе за својата фамилија!
Ете од таму сум, и не можам да сум помалце!
Не.
Ќе блескам со цела моја душа и тело, за тебе чаленце мој!
ТЕ ЉУБАМ БЕСКОНЕЧНО!
СПОЛАЈ МИ ТИ!“ - напиша Бетика на Инстаграм
Во една прилика, Бети ја раскажа нејзината животна приказна која може да ја прочитате тука.
ФОТО: Принтскрин Инстаграм