Дознав дека сум потомок на робовладател, тешко го прифатив тоа: Интимна исповед на Бијонсе

Добивај вести на Viber

Поп дивата Бијонсе (36) во големата исповед која таа лично ја напиша за списанието „Вог“ откри многу непознати детали од нејзиниот приватен живот, зборуваше и за нејзината раса, нејзиното тело, нејзините деца и креативност.

- Неодамна, јас го истражував моето потекло и дознав дека сум потомок на робовладател кој се заљубил во една од неговите робинки и се оженил. Ми требаше малку време за да го сфатам ова знаење. Се прашував што значи тоа и се обидов да ги ставам работите во перспектива. Сега верувам дека тоа е причината зошто Бог ме благослови со близнаци. Тоа беше првпат машка и женска енергија да живее и расте во мене. Се молам дека со тоа го уништив проклетството што го следеше моето семејство со генерации и дека моите деца ќе имаат полесен живот - рече Бијонсе, и додаде дека поминала низ пекол.

Таа призна дека историјата на нејзиното семејство е полна со проблематични машко-женски односи, прекинати врски, злоупотреба на моќ и измама.

- Само кога го увидов тоа, јас можев да почнам да ги решавам проблемите во својата врска, - рече таа, осврнувајќи се и на конфликтот со нејзиниот сопруг Џеј-Зи, за кој се тврди дека ја изневерил. Бијонсе сега го опишува како силен човек и „војник кој ме поддржа додека носев и родив близнаци, ќерка и син“ , кои се викаат Руми и Сир.

Таа откри нешто што јавноста не го знае - близнаците, за разлика од првата ќерка Блу Ајви, како резултат на компликации за време на породувањето, се родени со царски рез и затоа таа цел месец беше прикована за кревет.

Таа раскажа дека овој пат многу подобро го прифатила менувањето на своето тело за време на бременоста, за разлика од првиот пат, кога била под притисок на јавноста за колку време ќе дојде до „совршено тело“. Таа призна дека таа тогаш само три месеци по раѓањето на нејзината ќерка се појави во јавноста, и на сите им покажа како изгледа со што организираше концертна мини-турнеја.

„Сега го прифатив моето тело какво што е. Малку сум полна, и нека сум, мислам дека тоа е автентично, напишана Бијонсе во „Вог“.

Инаку, фотографиите од Бијонсе за магазинот ги правеше 23-годишниот фотограф Тајлер Мичел, кој стана првиот Афроамериканец кој направил фотографија за насловната страница на ова списание.

- Има толку многу културни и социјални бариери за влез во некои области, сакам да направам што е можно повеќе за тоа да се смени, и да се презентира поинаков поглед на луѓе кои чувствуваат дека нивниот глас не се слуша - додаде Бијонсе, која со својот сопруг неодамна - и без претходна најава - го објави заедничкиот албум „Everything Is Love".