Драги мажи, ништо не ви должиме: 5 работи во кои патријархатот нè наведе да веруваме

Ова е нежен потсетник за сите работи што жените не им ги должат на мажите, без разлика во што општеството ги научило да веруваат.

1. Биди благодарна за непосаканото внимание

Зборувам за довикање, свирење од кола и свиркање кога поминуваме. Овие работи не се комплименти. Тие прават да се чувствуваме крајно непријатно. „Треба да бидете благодарни за вниманието“. Хм, не, всушност. Не сме должни да бидеме благодарни за вниманието што воопшто не го побаравме.

Сериозно, престанете со тоа!

2. Ве доживува како нешто повеќе од пријателка

О, класичната „пријателска зона“.

Жените не се обврзани да ве доживуваат како нешто повеќе од пријател. Не е важно дали сте убаво момче или мислите дека совршено би се совпаднале. Никој не треба да биде принуден да има романтични или сексуални чувства кон некој друг. Меѓутоа, ако тоа се случи, одлично. Ако не, само ценете го пријателството.

Секако, пријателската зона е ситуација во која никој не сака да биде, но ако сте пријатели со некого само затоа што сакате да извлечете нешто од него (секс, корист), тогаш во секој случај веројатно не сте добар пријател .

Жал ми е, но не ми е жал!

3. Разговор

Ако жената навистина сака да продолжи да разговара со вас, тоа ќе можете да го видите од нашиот говор на телото. Ако пријдете на жена на автобуската постојка и започнете неврзан разговор, а ние ви одговориме со само еден збор или си го насочиме вниманието на друго место, тогаш веројатно не сакаме да разговараме со вас. Ако имаме слушалки и се обидуваме да се извлечеме, дефинитивно не сакаме да разговараме.

Не ви должиме разговор. Дури и да ни пријдете со насмевка, дури и да ни пријдете со пијачка или комплимент. Ако не сме заинтересирани, тогаш не сме заинтересирани. Престанете да инсистирате. Имајте почит и тргнете се!

4. Изгедајте „убаво“

Жените не ви должат убавина.

Под постојан притисок сме да изгледаме совршено. Овие стандарди за убавина се крајно токсични и жените постојано се осудуваат ако одлучат да не се бричат, да не се шминкаат, да се шминкаат, да бидат премногу дебели, да бидат премногу слаби, да се облекуваат премногу провокативно, да не се облекуваатпремногу провокативно.

Не ви должиме никакво објаснување за нашиот изглед.

Ако не ви се допаѓа, тоа е ваш проблем!

5. Секс

Би помислиле дека во 21 век секој треба да знае дека никој никому не му должи секс.

За жал, некои мажи мислат дека жените им должат секс ако им купуваат работи, плаќаат вечери, им прават услуга... списокот продолжува.

„Ако одиграте паметно, можеби ќе имате среќа вечерва. „Да, а можеби и не“.

Наши тела, наши избори. И тоа важи за секој тип на жена (да, дури и за оние кои носат кратки здолништа)!

Не, значи не!

Па, едноставно кажано, жените не ви должат ништо. Колку побрзо тоа се прифати, толку побрзо ќе имаме порамноправно и поправедно општество.

Ајде еднаш засекогаш да го скршиме патријархатот. Крајно време е.


Фото: unplash

8-ми март е повеќе од букет цвеќе: Денеска е Меѓународен ден на жената - не заборавајте зошто се празнува