Другари од мешиња: Водителките Цеце и Александра се модерни мајки на прошетка со бебињата
Двете водителки Александра Илиевска и Цеце Трајковска Тодосовска се новопечени мајки кои неодамна на свет ги донесоа своите први дечиња.
Со разлика од еден месец, на 23-ти јануари се породи Александра со ќеркичката Сара, а на 26-ти февруари се породи Цеце со момче, Бодан.
Тие изгледаат одлично и во форма само неколку месеци по породувањето, а несомнено како и на секоја мајка, мајчинството им годи.
Веднаш штом се разубави времето, шармантните водителки и другарки веднаш излегоа на прошетка со Сара и Бодан, кои се како што велат, другари од мешиња.
Двете се одлучиле за модерни, а практични и удобни пролетни комбинации за пролетна прошетка во парк.Бидејќи Бодан и Сара се се' уште премали, мама Цеце и мама Александра одлучија да им ги прикријат лицата.
Поврзани вести:
Очите на син ми ме соголуваат емотивно: Водителката Цеце Трајковска за мајчинското искуство