Две сестри се мистерија за лекарите: Ги отпишале на раѓањето, а тие развиле неверојатни способности

ФОТО: YouTube принтскрин

Сијамските близначки Аби и Британи долги години се мистерија за лекарите кои ги отпишале по раѓањето.

Аби и Британи Хенсел се споени близначки чија животна приказна инспирираше многу луѓе од моментот кога се родени пред 32 години и на нивните родители им беше кажано дека нема да ја преживеат ноќта.

Двете се најретката форма на споени близнаци, ретка медицинска состојба во која една оплодена јајце клетка не успева правилно да се одвои во утробата.

Тие двe имаат две срца

Кога зборуваме за внатрешни органи, тие двe имаат две срца, два стомаци, три бубрези, четири бели дробови. Од друга страна, тие делат еден црн дроб, еден граден кош, имаат заеднички циркулаторен систем и делумно одделен нервен систем. Од половината надолу, тие ги делат органите, вклучувајќи ги цревата, мочниот меур и репродуктивните органи.

Нивните родители никогаш не размислувале за разделба од страв дека една или двете ќе умрат или ќе останат со тешки инвалиди. Всушност, нивната мајка не ни знаела дека очекува близнаци додека не се роделе девојчињата. Ниту лекарите не ја сфатиле сериозноста на ситуацијата. До раѓањето. Бебињата веднаш биле пренесени во клиника во поголем град.

- Педијатарот рече дека моите бебиња се споени и имаат две глави. Беше многу директен, но апсолутно коректен. Кога првпат ги видовме, мислевме дека се убави - се присетува мајката во интервју за Дејли Меил во 2006 година.


Тие се во добра здравствена состојба

Иако Ени и Британи се повеќе склони кон настинки и имале два напади на пневмонија, и двете велат дека се во добра здравствена состојба и покрај серијата операции. Третата неразвиена рака им била извадена од градите кога биле уште бебиња. Искривувањето на рбетот им е поправено, додека градната празнина била проширена кога имале дванаесет години, за да се спречат проблеми со дишењето.

Близнаците велат дека нивното тело е „поделено со црвена линија“. Едната ја контролира левата страна на телото, додека другата ја контролира десната. Тие мора да работат синхронизирано за да се движат правилно.

Нивната анатомија се уште е мистерија за лекарите. Секоја од нив не чувствува допири на спротивната страна од телото. Кога еднс од нив ќе се ракува, другата не го чувствува тоа. Ова ги наведува лекарите да мислат дека нивните неврони се единствени и дека не постои друг таков познат случај во светот. Тие си ги завршуваат речениците и си ги читаат мислите, додека нивните тела се совршено синхронизирани.

Родителите не сакаа да зборуваат јавно додека самите не посакаа. Во 2012 година, сестрите решија да го споделат својот живот на социјалните мрежи. Светот за прв пат ги виде на малите екрани во 1996 година, кога Опра Винфри ги водеше во своето шоу.

Тие глумеа и во неколку документарни филмови. Во тие филмови, сестрите зборуваа за нивниот секојдневен живот и за тоа како научиле да живеат исполнет живот и покрај различните интереси: Аби, на пример, сака математика, додека Бретани е родена писателка.

Денес овие близначки водат мирен живот во родниот град и работат како учителки.