Две торти, посебни прослави: Синот на Огњен Амиџиќ и Данијела Димитровска го прослави својот десетти роденден

Добивај вести на Viber

Роденден прослави синот на Огњен Амиџиќ и Данијела Димитровска

Матија Амиџиќ имаше привилегија двапати да го прослави својот роденден. Прво со тато и неговата нова девојка, а потоа со мама и нејзиното момче.

Мина Наумовиќ, новата љубов на Огњен Амиџиќ, на Инстаграм откри како изгледала малата приватна забава. Матија за својот јубилеен десетти роденден доби специјална торта во сини тонови со симпатична декорација во форма на нивниот миленик, кучето Чака.

Имаше и капи и балони со ликот на омилениот суперхерој на Матија, Спајдермен.

Изненадување приреди и Данијела Димитровска. Убава манекенка го однесе синот во ресторан.

„Денес овој малечок покрај мене наполни десет години и јас сум најсреќната личност на светот! Ти благодарам што ме избра да бидам твоја мајка и што ме научи од ден на ден како да бидам трпелива и како да сакам со целото мое битие. Мама те сака до месечината и назад“, напиша таа на Инстаграм со фотографија полна со љубов.

Несомнено е дека Матија долго ќе го памети овој прекрасен ден. На прославата присуствуваше и новиот партнер на Данијела, поранешниот фудбалер Јеврем Косниќ.


Извор: www.hellomagazin.rs