Џеј Ло не тагува: Пејачката ужива во Доминиканската Република со песните на поранешниот
Латино дивата Џенифер Лопез
деновиве објави неколку видеа на социјалните мрежи кои јасно покажуваат дека
ужива во Доминиканската Република. Се чини дека разделба со Алекс не и падна тешко.
Пејачката (51) се опушти во костим за капење за време на викендот.
Дивата уживаше во својот коктел во серијалот од три видеа што ги објави на Инстаграм Стории.
На видеата, Џенифер се релаксира со песна од нејзиниот поранешен - Дрејк. Видеото објавено на TikTok јасно кажува дека Џенифер е добро расположена и дека ужива во кратката пауза од снимањето на новиот филм.
@jlo Sunday...
Astronaut In The Ocean - Masked Wolf
Џенифер и 45-годишниот Алекс Родригез беа верени, но овој месец нивната врска беше разнишана. Се зборуваше за раскинување на веридбата, за неверство и за трето лице, а потоа на 13 март им рекоа на американските медиуми дека работат на подобрување на нивната врска.
Другите медиуми, во меѓувреме, тврдеа дека се разделиле откако ријалити sвездата од „Јужниот шарм“ Медисон ЛеКрој признала дека разговарала со Алекс на телефон и му „праќала приватни пораки на Инстаграм“, но исто така и дека не биле во врска.
Лопез е во Доминиканската Република, продуцира и глуми во филмот „Shotgun Wedding“, а неодамна објави и фотографија од снимањето на која позира во златна венчаница.
Во филмот ќе можеме да видиме и ѕвезди како Лени Кравиц, Џош Духамел, Џенифер Кулиџ и Чех Марин.
Фото: Инстгарам/Jlo