Џил Бајден ја покажа внатрешноста на Белата куќа: „Конечно нормална прва дама“
Првата дама на САД, Џил Бајден објави видео на својот официјален профил на Инстаграм во кое ги повикува граѓаните да носат заштитни маски во јавноста.
Со неа на видеото се и миленичињата, германскиот овчар Шампион и Мејџор.
„Не заборавајте да носите маска дури и кога го шетате вашето куче надвор. (П.С. - Шампион и Мејџор се согласуваат со тоа)“, напиша Џил под видеото.
„Ја обожавам“, „Конечно нормална прва дама“, „Колку е убаво да се види како некој зборува значајно“, „Џил направи повеќе со ова видео отколку Меланија за четири години“, „Многу е убаво да се има прва дама која не е национална срамота“, се само некои од коментарите.
Сопругата на Џо Бајден покажа и дел од ентериерот на Белата куќа. Првата дама седеше во масивна фотелја, а кучињата седеа до неа на светол скап килим. Во просторијата доминираат зелената и белата боја, а на две дрвени маси во позадината се поставени огромни ламби и вазни со свежо цвеќе.
Ѕидовите се украсени со големи слики во пригушени нијанси.
Инаку, Џил и Џо Бајден веќе поминаа осум години во Белата куќа, но тие тогаш не живееја во неа, бидејќи Џо беше заменик на Барак Обама во тоа време.
фото:Instagram
извор:index.hr
-Џил Бајден, раскошна убавица во младоста: Долга руса коса и совршени црти на лицето
-Која е ќерката на Џил и Џо Бајден: Трагично го изгуби својот брат, а нејзиното минато крие мрачна тајна