Еден порок ќе ми го уништеше животот: Наташа Беквалац прозборе за проблемот со кој долго се бореше

Добивај вести на Viber

Наташа Беквалац вели дека имала порок поради кој се криела од својата постара ќерка. Станува збор за цигарите. Српската пејачка вели дека била како во маѓепсан круг, ги оставала и повторно им се враќала.

За српски „Курир“, Беквалац изјави дека по големиот стрес, дури по 30 година станала пушач. Имала голема грижа на совет поради ќерката, па се криела од неа за да не ѝ биде лош пример. 

„ Се криев од ќерка ми поради мојот порок. Денот ќе ми почнеше многу добро, но друштвото ќе ме повлечеше. И ќе си речев- ајде, ќе земам само една. Ноќта ќе го повлече утрото, па една цигара со кафето, и така цел ден, никогаш не останав на една цигара“, изјавила Беквалац.

„Никогаш не бев послаба од тогаш. Откако ги оставив цигарите, здравјето ми е подобро. Тоа е страшно чувство, кога детето го учиш да биде искрено, а всушност го лажеш. Јас ја лажев мојата Хана, додека таа самата не забележа. И многу ме заболе кога за Нова година ми ја кажа својата желба- мама да престане да пуши. Тој еден порок ќе ми го уништеше животот“, додала пејачката. 

Беквалац по семејната драма со поранешниот сопруг Лука Лазукиќ, извесен период беше во медиумска илегала. По раѓањето на нејзиното второ дете, ќерката Катја, Наташа беше жртва на насилство од страна на нејзиниот тогашен сопруг Лазукиќ. По овој инцидент, кој што неколку недели беше на насловните страници во регионалните медиуми, Беквалац се повлече од јавноста.